Пред помалку од еден месец во тетовската болница беа оштeтeни цевките за кислород

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 23 август, во тетовската болница вработените увиделе дека биле оштетени две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка, а за среќа нема последици по пациентите.

-Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клинича болница.

Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.

-Немало прекин во довод на кислород затоа што тој дел го снабдува делот од ургетниот центар каде што имаме пациенти со инфаркти и друго каде ни треба кислород по потреба. Така да имаше таму пациенти одма ќе имаше последици. Замислете цела недела и викенд деновите беа тешки со Ковидот и ние сме навистина многу разочарани од ова. Се гледа дека некој со удирање со метален предмет врз цевките, една ја пресекол, додека другата е свиткана. Може немал време авторот на тоа дело, сега ќе се преземат мерки за поголемо обезбедување, изјави докторот.

Случајот е пријавен и во полицијата од каде е извршен и увид.

-Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила комплетен увид. Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени.Се расчистува и документира случајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

До пладнето во болницата стручни лица од соодветна фирма извршија и санација на оштетувањата на централниот систем за довод на кислород во тетовката болница.

Маж на возраст од 42 години од селото Желино вчера бил лишен од слобода бидејќи полицијата се сомнева во негова вмешаност при оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетоската болница на 23 август. Тогаш со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

– Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17 часот, на улица „Илинденска” во Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.

– Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Вечерва Ковид центарот во Тетово го зафати голем пожар во кој животот го загубија неколку лица, а има и повредени, како што соопшти Министерството за здравство.

-Министерството за здравство информира дека вечерва страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, наведува Министерството.
Пожарот, како што велат од МЗ, е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Повредените лица итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани.
Министерот за здравство Венко Филипче е во Тетово, а по завршување на увидот, од Министерството велат дека ќе информираат за фактичката состојб

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This