Пред cудeњето на koмандантите на УЧK: Teшkи денови за Пpиштина. Америka и Европа бараат да бидат расчистени уб иствата на сведоците и да биде изградена правна држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако вчера Амбасадата на Соединетите Држави објави дека се повлекува од процесот за надзор над изборот на нови членови на Обвинителскиот совет на Косово и изборот на главни обвинители, од Канцеларијата на ЕУ во Косово објавија дека и ЕУ има свои дилеми за тој процес, и дека и тие од тие причини се повлекуваат, сè до неговата целосна ревизија.

Ние ја земавме предвид загриженоста изразена од Соединетите држави. ЕУ исто така има свои дилеми и одлучи да се повлече од процесот, сè додека не се преиспита и спроведе во согласност со соодветните закони и регулативи “, рече портпаролот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Динка Живаљ, пишува Коха.

Американската амбасада во петокот вечерта објави дека се повлекла од процесот за надгледување на изборот на нови членови на КЗК, како и изборот на главни обвинители.

Да потсетиме, Амбасадата на Соединетите Американски Држави остро реагираше на процесот на избор на нови членови на Обвинителскиот совет на Косово и главните обвинители, и од тие причини најави дека нема да продолжи да го следи таквиот процес.

Во соопштението се наведува и дека „изборниот процес е функционално нарушен, бидејќи нема транспарентност, како и дека е во судир на интереси“.

Претседателот на косовската влада, Авдулах Хоти, изрази загриженост за оваа одлука на САД.

Очигледно дека меѓународната заедница не е задоволна од владеењето на правото и правната држава во Косово. Косово тешко се справува со криминалот. И тој проблем станува се потежок поради почетокот на процесите против командантите на УЧК во Хаг. Има многу убиства на сведоци против шефовите на УЧК кои не се откриени ниту судски санкционираме.

За една година, тројца сведоци на Специјалниот суд беа убиени на Косово. Ова го тврди извор во весникот Бота Сот, кој додава дека никој не го кренал гласот поради нивното убиство.

Изворот на овој весник вели дека сите тројца сведоци сведочеле во Специјалниот суд и дека „сигурно биле прислушувани или биле откриени нивните сведочења и затоа биле убиени“.

Истиот извор предупредува дека другите сведоци може да бидат изложени на ризик да бидат убиени.

Превземно: Во центар.мк

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This