Тасевски: Македонците ќе мора илегално да ги воспитуваат децата и да ја чуваат националната историја и колективната меморија од бришење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своите честитки за 11 Октомври – Денот на националното востание на македонскиот народ, власта се срами и се плаши да каже дека востанието го кренале Македонци коишто се бореле против бугарските фашисти и го нападнале участокто каде што тие бугарски фашисти мачеле македонски патриоти, вели актерот Сашо Тасевски.

Тој вели дека ќе дојде време кога Македонците ќе мора самите, во илегала, да ги воспитуваат своите деца и да ја чуваат националната историја и колективната меморија од бришење.

Ако тркнете на сајтот на едниот од двајцата премиери и на оној на Претседателот, ќе прочитате дека на 11 октомври 1941 НАШИТЕ СОГРАЃАНИ почнале оружена борба против некој, не пишува кој… Нема она бугарските фашисти, участокот каде тепале и мачеле македонски патриоти…Во честитката нема никаде да прочитате македонски народ.

Доаѓа време кога Македонците ќе мора да организираат илегален, подземен начин на живот, во кој ќе ги воспитуваат своите деца и ќе ја чуваат националната историја и колективната меморија од бришење.

Ќе мора да се размислува на илегала. Да се создаде една подземна Република Македонија, која еден ден ќе ја збрише онаа надземната, квислингшка.

Честит празник подземна Македонијо – пишува Тасевски.

Ако тркнете на сајтот на едниот од двајцата премиери и на оној на Претседателот, ќе прочитате дека на 11 октомври 1941…

Posted by Sasho Tasevski on Sunday, October 11, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This