Tecтираат лekови врз него: Скопјанец со необичен начин за добра 3apaботка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден триесетгодишниот скопјанец веќе три години учествува во тестирае на различни лекови од што добро заразботува.

Тој од колега разбрал дека во Институтот за фармакологија и токсикологија во клиничкиот центар во Скопје, доброволно можеш да се пријави како „експериментално глувче“ и добро да заработи пишува „Вечер“.

Вработен сум во една приватан фирма, а во Институтот доаѓам на повик на лекарите. Во клиниката, зависно од лекот кој ми се дава, останувам и по три дена. Во секој случај овие пари ми се добродојден – вели скопјанецот.

Според него, месечно од овој бизнис може да се заработи и една просечна плата, во зависност од лекот.

Откако ќе го испиете лекот, докторите ви ја следат здравствената состојба, постојано се мери притисокот, телесната температура и неколку други потребни реакции. Изолирани сте од надворешниот свет, дозволено е дружба со другите луѓе кои исто така се дојдени за тестирање. Обично времето ни поминува играјќи некои друштвени игри. Досега од испитувањата ми се има јавено осип, вртоглавици и повраќање, но тоа е подносливо – објаснува скопјанецот.

Пред едно лице да биде ставено на оваа листа тој подлежи на ригорозни здравствени контроли. Само исклучиво здрави лица можат да бидат испитаници врз кои се аплицира лекот. За сите генерички лекови се прави студија на биоеквивалентност. Цел свет користи генерички лекови.

Како што објаснуваат докторите, ново тестирање на лек врз истиот испитаник може да се врши само ако поминале два месеци од претходното аплицирање на друг вид лек.

Зависно од лекот кој треба да се анализира различна е групата врз која треба да се аплицира истиот. Максимум групата треба да брои 70 испитаници, а долната граница не може да биде помала од 20 луѓе.

Тие по давањето на лекот 24 или, пак, 48 часа се под постојан лекарски надзор и престојуваат во Институтот. Постојано се во придружба на медицинско лице дури и кога одат во тоалет.

Засега, како што тврдат лекарите, не се регистрирани фатални нус појави од лековите што се тестира врз луѓето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This