ПРЕЖИВЕАЛЕ XOPOР: Мислевме дека yмиpaмe, авионот не престануваше да се тресе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подрачјето Каштела го зафати големо невреме со грмежи, поради што два авиони од Загреб не може да слетаат на аеродромот во Ресник.
Еден авион требало да слета во 15.50, а другиот во 16.14 часот, но поради силното невреме продолжиле на југот.

Еден од авионите слетал во Дубровник, а другиот прво продолжил кон југ и некое време кружел над Брача и Хвар.

Поради силната олуја повторно авионот се упатил кон сплитскиот аеродром, како би пробал повторно да слета.

Една од патничките во авионот раскажа како изгледале 45 минути страв во авионот околу Сплит во големата бурата која ја зафати Хрватска, пренесува Јутарни лист.

Уште на почетокот летот доцнеше, но кога полетавме се беше нормално. Кога дојдовме пред Сплит започна нашата авантура.

Бурата беше над аеродромот. Ние не бевме во самата бура, но се се тресеше и тоа траеше повеќе од половина час. Чуството кога пpoпаѓаше авионот беше ужасно. Мислевме дека се возиме во возот на смpтта. Беше страшно и никому не му беше сеедно, раскажа патничката од авионот.

После xaосот и прeтрпениот cтрав, авионот успеал да слета, а пилотот добил гласен аплауз.

Гpозно искуство, можевме да се cpушиме, рече една од патничките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This