ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ ВО ПОСЕТА НА РАНКОВЦЕ: Проектите од Програмата за рамномерен регионален развој се одлична можност за неискористениот туристички потенцијал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република С Македонија Оливер Спасовски денеска, заедно со заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, беше во работна посета на Општина Ранковце, при што присуствуваше на свеченост по повод адаптацијата и опремувањето на салата за промоција на туризмот и на другите потенцијали на општината и на регионот.

„Сега во Ранковце се создадоа услови за одржување промотивни настани, работилници, и за одбележувања на настани од значење на општината и за регионот. Туристичките особености и потенцијали на општината сега ќе можат да бидат видливи и да се презентираат и преку 3-Д мапингот, реализиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка“, рече премиерот Спасовски за реализираната адаптација, која е дел од проект на Североисточен плански регион од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година, на Владата на С Македонија и на Министерството за локална самоуправа.

Премиерот Спасовски подвлече дека иницијативите и спроведените механизми за взаемна соработка на Центарот за развој на Североисточниот плански регион се одлична можност за презентирање на неискористениот потенцијал кој стои пред постоечките угостителски објекти и претставува можност за мотивирање на младите од руралните средини да учествуваат со свои идеи за промоција на сите интересни туристички атракции.

„Го користам моето присуство овде во Општина Ранковце да го најавам и почетокот на изградбата на системот за наводнување Славишко Поле кој ги опфаќа земјоделските површини во селата Псача, Петралица и Гиновци како и зафатот за пренасочување на Крива Река која ќе биде главен извор за вода во овој систем за наводнување“, истакна Спасовски за новиот систем финансиран од Европската Унија, вреден 1,7 милиони евра, со кој ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште и ќе биде достапен за 1.500 жители на трите села кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This