Пренџов: Реформи во образованието се потребни, но не на начинот на кој тоа го прави Царовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за образовните реформи во државата каде посочи деека треба да има реформи во образованието но не на начинот на кој го прави Царовска.

-Во погледа на образовните реформи јас сметам дека треба да има образовни реформи затоа што на сите тестирање на европско и светско ниво децата заостануваат позади нивните врсници од ЕУ, САД и така натаму. Треба да има образовни реформи но не на начин кој што го прави министерката Царовска . Не можете вие да очекувате да донесе образовни реформи една комисија во која што ниту еден член не прошетал дневник низ ходник во училиште, не бил професот, не бил ментор на некој студент . Сега тие луѓе кои се собрале вака сакаат да прават образовни реформи, рече Пренџов.

Пренџов во своето гостување посочи дека не е прифатливо историјата и географијата да се спојат и да бидат општествена наука.

-Јас би поддржал една широка дискусија за образованието бидејќи образованието не ги опфаќа само просветните работници туку не опфаќа сите на некој начин да сме вклучени во образованието така што ние мора да се усогласиме што и како треба да правиме. Но кога ќе го видете незнањето и неукоста и дрскоста на презентацијата на тоа незнаење ви доаѓа да престанете да дебатирате бидејќи имате како дискусија со ѕид.Зошто, тие велат дека географија и историја ќе ги спојуваат како општествени науки . Географијата не е општетсвена наука туку е природна наука, а историјата е хуманистика наука и сега една природна и една хуманистичка наука ќе ги спојуваат да бидат општетсвена наука и тоа не е прифатливо, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This