Пренџов: Цените требаше да се замрзнат пред да се зголемат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Начинот на кој владата ги замзнува цените на производите не е како што треба. Одговорна влада прави поинаку. Се е покачено, има многу нешто важно што не го размисливите во јули месото беше 240 сега е повеќе од 300 денари. Одговорна влада прво ги гледа цените во јули и август и вели ги замрзнувам оние кои биле во јули и август, а не овие сега цени, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема обраќајќи се на министерот за економија Крешник Бектеши кој беше дел од дебатата.

Според него владата се однесува по онаа купи ден продај и додаде дека цените требаше да се бидат замрзнати пред да се зголемат толку.

– Кажав еднаш тешко на држава во која само минималната плата расте. Треба посериозен пристап кон кризата која не чука на врата туку ни е длабоко влезена во државава, рече Пренџов.

Според него еднострано е однесувањето на власта.

– Не може само за цени да зборуваме и тоа требаше многу порано и многу поинаку, но треба и подддршка за стопаснството. Каде е поддршката за стопанството, праша Пренџов.

Покачувањата кажа Пренџов се високи, храна 5 посто повиски цени, масло 24,9 проценти, месо 3 посто, шеќер 5,5 проценти, течни горива 5,5 проценти.

– Значи многу се повисоки покачувањата, рече Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This