ПРЕПИСКА ПОМЕЃУ Ј.П. КОМУНАЛНА ХИГИЕНА, ГРАД СКОПЈЕ И ОПШТИНА ЧАИР: Одговорноста околу дивите депонии и отпадот во Топаана ги скара Град Скопје, општина Чаир и ЈП Комунална Хигиена Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје јавува дека месеци наназад се соочува со проблемот на неправилно одлагање на отпадот на улицата Максут Садик во населбата Топаана, во скопската општина Чаир, каде што континуирано се создаваат диви депонии, особено во реонот на игралиштето.

Директорот на претпријатието, Абдусамед Шабани нагласи дека не е надлежност ниту пак ингеренција на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје да ги превенира или казнува прекршителите на Законот за јавна чистота и ги повика надлежните институции – инспекциските служби при Градот Скопје и општината Чаир да дејствуваат на терен, со цел да се спречи загадувањето на животната средина.

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, во координација со Урбаната заедница во оваа населба, денеска подели дополнителни сто канти за собирање на отпадот од индивидуалните домаќинства, а Шабани оствари средба со граѓаните, каде ги информираше за динамиката на собирање на отпадот од страна на Претпријатието, како и за штетноста од создавањето на дивите депонии.

-И покрај секојдневните интервенции од страна на нашите екипи, ова место претставува црна точка на којашто постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината и претставуваат закана за здравјето на граѓаните-, рече Шабани

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This