Преспанскиот договор не беше во согласност со Уставот на Македонија ниту во согласност со задолжителното меѓународно право

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Начинот на донесувањето на Преспанскиот договор не беше во согласност со Уставот на Македонија ниту во согласност со задолжителното меѓународно право, изјави во „Само Вистина“ на Канал 5, професорката Гордана Силјаноска Давкова носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 .

Таа истакна дека со Преспанскиот договор Грција не го интерпретира истото што и ние, бидејќи слушнавме интерпретации од господинот Ципрас дека не признава македонска нација, дека тоа што ние го подразбираме под македонски народ и македонска нација не го подразбира и тој

– Точно е дека Македонија е мала држава, но точно е и дека ако не се почитувате себе си како луѓе и како држава не може да очекувате помош и почит и од другите. Јас не мислам дека ние бевме рамноправни во процесот на преговорите, ако сме биле рамноправни немаше често да слушаме дека болно било ама морало да се голтне и тоа било горко апче. Постои нешто што се вика меѓународни институции и меѓународно право, ако и во рамките на истото не сте почитувани тогаш има потреба од исправување и за тоа треба време. Треба да имате почит кон себе, кон својот идентитет, нацијата, правото и културното богатство, за да бидете компатабилни со останатите, рече Силјаноска Давкова.

Таа се осврна и на проблемот со Бугарија каде што посочи дека недозволиво и шокантно е Македонија да дознае од странска држава што ни спрема Бугарија во ЕУ но и шокантен е молкот од страна на Димитров да не испрати протестна нота и да не реагира на тие барања како и провокациите на Џамбаски кој е во коалиција со ГЕРБ.

Самоопределување значи и име, знаме, химна и грб и уште многу работи второ како се случи и ние и да не знаеме што ќе прави Бугарија и дознавме од Австрија. За барањето и за заклучоците дознавме однадвор и тоа е шокантно, заклучи Силјаноска Давкова

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This