ПРЕСТРЕЛКА ВО ГРЧЕЦ: Едно лице повредено откако едно лице отворило оган од пиштол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице се здобило со прострелни рани откако вчера во него било пукано пред мостот во селото Грчец.

Од полицијата информираат дека вчера околу 10 часот од лекар од амбуланта Сарај било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Ј.И. (55) од с.Грчец со две прострелни рани на левото стапало.

-Истиот ден околу 09.40 часот пред мостот во с.Грчец лице од с.Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец, информираат од МВР.

На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв.

Со возило на Итна медицинска помош, Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This