Привремен договор без взаемно признaвање: Франција со нов предлог за решавање на спopoт помеѓу Србија и Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција предложи привремен договор меѓу Белград и Приштина, во кој нема да има заемно признавање, тврди советникот на поранешниот претседател на привремените институции на Косово, Хашим Тачи.

Во интервју за ТВ Клан Косова, Бехрами рече дека Франција ја форсира идејата за привремен договор, кој е поддржан и од Брисел.

„Германија, според моите информации, не е во игра заради изборите што се одржуваат во таа земја годинава. Америка ги предаде овластувањата за дијалог на Брисел. Француската идеја е да се постигне привремен договор, каков што е тој во Вашингтон. Сепак, таа идеја е штетна за Косово, бидејќи зборува за автономија на северот, поголеми права за црквата, во замена за признавање од страна на Грција и визна либерализација“, тврди Бехрами, кој вели дека улогата на Америка е споредна, а не примарна порано.

Тој додаде дека советниците на францускиот претседател Емануел Макрон испратиле сигнал дека нема да има визна либерализација за граѓаните на Косово, што тој го нарече „тактики за преговори“.

„Внатрешно преговараме и верувам дека овие теми ќе бидат отворени на следниот состанок, што ќе се одржи во Париз. Не е добро да се влезе во таа игра бидејќи привремените договори не носат долгорочна стабилност, тие не го решаваат проблемот меѓу Косово и Србија, туку само создаваат илузии дека нешто е сторено“, рече Бехрами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This