April 26, 2024, 12:50 pm

Привeдeни две лица во врска со пykaњето во синот на Сулејман Реџепи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил попладнево околу 16,40 часот во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, кога лице од возило „Голф“, пукало кон возило „Мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р… Неофицијално, ранетиот е син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

Околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје, на кружниот тек во н.Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат таму.

Кој и зошто пукал во неговото возило, МВР се уште истражува..

Инаку З.Р. лани имаше проблеми со внатрешната контрола во МВР, откако се вклучил во живо на „Фејсбук“ и по завршување на работните задачи се снимал како шета по улица за време на полициски час… МВР тогаш најави дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.

Полицијата вечерва за нападот привела две лица, а повеќе детали се очекуваат утре..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This