- Advertisement -
Комисијата за надворешна политика до крајот на месец ноември ќе организира јавна расправа со наслов “Придобивките и прeдизвиците од Мини Шенген”, на која главен збор ќе им се даде на министрите Никола Димитров, Бујар Османи и Кочо Анѓушев. Имајќи ја предвид нивната зафатеност денес ќе упатиме писмо до министрите за да определат термин што најмногу им одговара. На јавната расправа за “Мини Шенген” ќе бидат поканети и претставници на стопанските комори, дипломати и други заинтересирани учесници.