Приземјен патнички авион по наредба на Лукашенко поради зakaна од бomба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата го уапси Роман Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко. Проташевич е еден од основачите на опозициските вести НЕКСТА, канал што стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија.

Авионот на релација Атина – Вилнус се наоѓал во воздушниот простор на Белорусија и скоро стигнал до Литванија кога пилотот бил принуден да го смени правецот.

Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото.

Според белоруската државната новинска агенција БеИТА, претседателот Лукашенко лично наредил авионот на Рајнер да биде придружуван од воен авион МиГ-29.

Компанијата Рајанер сè уште не го коментитала инцидентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This