Прилепските бранители застанаа зад Марјан Ристески

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не заборавија на својот соборец, на човекот чиј живот исто така беше изложен на ризик и се најде во заседата за време на крвавиот настан на Карпалак во 2001-та година.

Прилепските бранители, оние кои секогаш биле во првите борбени редови кога Македонија била во прашање, оние со најголема храброст и секогаш спремни да одговорат жестоко во одбрана на татковината, застанаа рамо до рамо со Марјан Ристески и му ја ветија целата поддршка на престојните локални избори. “Марјан е еден од нас и секогаш бил тука за сите наши барања, за сите наши потреби. Заедно се бориме за остварување на сите права на бранителите.

Градоначалникот прави се што може, во чест на паднатите бранители од Прилеп ги изгради и двете монументални зданија, комплексот “Карпалак” и спомен обележјето “Прилепски бранители”, велат тие. Бранителите додаваат дека тие и нивните семејства на 15-ти октомври ќе го заокружат бројот 13, затоа што изборот за Прилеп е само еден, а тоа е Марјан Ристески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This