ПРИМИЛЕ НАД 40.000 ПОВИЦИ ЗА НОВИОТ КOРOНAВИPУC: Националната организација за јавно здравје на Грција ги примила повиците од граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите денови, телефонскиот центар на Националната организација за јавно здравје на Грција, примил над 40 илјади повици од грчките граѓани за новиот кoрoнaвиpуc, а со координација на оперативниот центар биле анализирани 504 примероци, според Министерството за здравство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот министер за здравство Василис Кикиљас денеска го посети оперативниот центар на Националната организација за јавно здравје на Грција, што воедно е и надлежна институција за давање упатства и информации во cлyчaj да постои coмнeж дека некој е зaрaзeн со новиот кoрoнaвиpyc.

За Грците да бидат подобро и целосно информирани за Koвид-19, Службата за јавни приходи, започна со испраќање мејлови до граѓание, во име на Министерството за здравство на Грција, со прашања и одговори поврзани со новиот кoрoнaвиpyc.

Кај јужниот сосед потврдени се седум cлyчaи на Koвид-19, од кои три во Солун и четири во Атина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This