Принцот Хари и Меган Маркл по вторпат станаа родители: На свет дојде Лилибет Дајана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Војводата од војвотката од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл го објавија раѓањето на нивното второ дете, ќеркичката Лилибет. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен-Виндзор (тешка 3,487 кг.) дошла на свет во петокот во 11:40 часот по локално време во болницата „Санта Барбара“ во Калифорнија, САД.

Двојката наведе дека и мајката и ќеркичката се добро и додадоа дека девојчето добило име по прекарот на кралското семејство за кралицата, нејзина прабаба. Средното име, Дајана, родителите го избрале во чест на нејзината „сакана покојна баба“, принцезата од Велс, се наведува во дописот.

Лилибет е 11 правнуче на кралицата и осма во редот за престолот.

– На 4 јуни бевме благословени со доаѓањето на нашата ќерка Лили. Таа е повеќе одошто некогаш замислувавме и остануваме благодарни за љубовта и молитвите што ги почувствувавме од целиот свет. Ви благодариме за непрекинатата љубезност и поддршка за време на овој посебен период за нашето семејство, напиша двојката во порака на благодарност на својата интернет страница Архевел.

Првото дете, момче, принцот Хари и Меган Маркл го добија на 6 мај во 2019 година пред да се повлечат од кралските обврски и да се преселат во САД. Тоа подразбираше дека повеќе нема да користат кралски титули и нема да примаат пари од јавните средства за извршување на кралските должности, како што тогаш соопштија од Бакингемската палата.

Војводата и војвотката од Сасекс објавија дека планираат да вратат 2,4 милиони фунти, колку што чинеше реновирањето на резиденцијата Фрогмор што беше платено од средства на даночните обврзници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This