ПРИСТАПОТ НА ВЛАДАТА Е НЕСЕРИОЗЕН: Тврдат дека сѐ е под контрола, а секој прави како што сака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дискусија на Live chat на фб страницата на ВМРО-ДПМНЕ „Затоа што секој живот вреди“, истакна дека се уште постои движење на луѓе коишто ги прeминуваат границите, тоа покажува несериозен пристап на владата кон целата ситуација и истото мора да се спречи.

-На граничните премини коишто не се отворени меѓуграничното движење постои и понатаму иако навидум границите се затворени. И тоа постоеше цело време ни се случуваше патници од Грција да доаѓаат на македонска територија, пазарат, дејствуваат, одат по ресторани ручаат и се враќаат назад и тоа го правеа на дневна основа во континуитет, вели Николов.

Докторот истакна исто така дека дека во тие делови не знаеме точнио што се случува. Истото се случува и во граничните зони со Србија, луѓето влегуваат и излегуваат и тоа може да се каже и дека продолжува понатаму. Па се соочивме со еден феномен да доколку сте патувале во Грција, кога ќе се вратите назад треба да одите во изoлaција, а за Грците беше отворена границата, тие си се движеа.

Тој вели дека ова е тотално нecериозен пристап на целата ситуација, од една страна владата вели дека се е под контрола, дека се следат границите, се запишуваат луѓето коишто се движат, а во разговор со луѓето кои се во близина на граничните региони велат дека секој прави како што сака.

Тоа ако не се спрeчи и ако не се застане во моментов милам дека сценариото нема да биде многу добро, нашата влада доцни со сите тие мерки, порача д-р Николов.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This