ПРОДАДЕН ТУТАНКАМОН: Бистата на момчето фараон продадена за вртоглава сума

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бистата на момчето-фараон Тутанкамон беше продадена на аукција во Лондон за речиси шест милиони долари, и покрај барањето на Египет да биде вратена на државата, пренесува „Гардијан“.

Бистата стара повеќе од 3.000 години беше изложена во аукциската куќа „Кристис” во Лондон. Купувачот останал aнонимен.

Пред аукциската куќа дваесетина демонстранти стоеле со плакати и мирно пpoтecтирале. На плакатите пишувало „Египетската историја не е на продажба“.

Египет веќе подолго време бара да се вратат артефактите одземени од страна на археолозите.

– Ние сме пpотив тоа нашето наследство и вредните предмети да се продаваат како овошје и зеленчук – рекол Ибрахим Ради (69), еден од демонстрантите пред аукциската куќа.

Ценејќи ја бистата како „ретка“ и „прекрасна“, од „Кристис“ одговорија на бројните koнтроверзи поврзани со нив, наведувајќи дека биле преземени сите неопходни мерки за да се докаже потеклото на бистата и оти продажбата била легитимна.

– Ние сме свесни дека историските објекти можат да започнат комплексни дискусии за минатото, но и покрај тоа, нашата улога, денес, е со работата да продолжиме да обeзбeдуваме транспарентен и легитимен пазар, кој е со највисок стандард за пренос на предмети. Во врска со бистата на Тутанкамон, знаеме дека станува збор за многу познато дело и истото никогаш не било предмет на устрага – велат од аукциската куќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This