ПРОДОЛЖУВААТ ВЛАДИНИТЕ ВРАБОТУВАЊА НА ЛАЖНИТЕ АКТИВИСТИ: Студентски пленум и „Цивил“ со нов доказ дека одработуваа за СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови вработувања во Влада на т.н. невладини граѓански активисти, како што себеси се нарекуваа платениците на Сорос додека одработуваа за СДСМ

Марија Теговска од „Цивил“ е последното подновување во редовите на Министерството за информатичко општество и администрација, каде ќе биде портпарол на ресорот кој го води Дамјан Манчевски.

Таа не е прв „цивилаш“ кој влегува во делот за односи со јавност во влада. Пред неа истото во министерството за култура го стори Петрит Сараќини, кој долги години ја убедуваше јавноста дека е независен граѓански активист.

Потврда дека меѓу предводниците на „Студентски пленум“ имаше навистина партиска позадина кај одредени лица е и ангажманот на Владимир Делов, еден од предводниците на студентите, како што вели „Фокус“, како портпарол во ресорот на Рената Дескоска, министерката за образование и наука.

Вработувањето на Делов е уште еден доказ на тврдењата дека огромен дел од незадоволните студенти беа изманипулирани и злоупотребени во политичката агенда на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This