Продолжуваат меѓународните активности: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски денес во Лајпцинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот Комитет Владимир Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ја продолжуваат својата меѓународна активност присуствувајќи на Конгресот на Германската владејачка сестринска партија ЦДУ кој се одржува во Лајпциг.

-Ќе бидат остварени и повеќе билатерални средби како што е со Јохан Вадефул – Координатор на Пратеничка Група на ЦДУ/ЦСУ; Торстен Фреи, Заменик Координатор на Пратеничка Група, Петер Бејер, Пратеник на ЦДУ и член на Комисија за надворешна политика, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку на Конгресот на ЦДУ ќе се рacправа за утврдување на политички постулати за следниот период на дејствување. Ќе се отвораат теми поврзани со економски и социјални политики во Германија, дејствувањето на Германија во ЕУ како и стратешки надворешно политишки приоритети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This