ПРОДОЛЖУВААТ СУДИРИТЕ ВО ОПОЗИЦИЈАТА: Миодраг Мисолиќ знаел дека „овие од Бихаќка се глупи и без политички сенс…“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозицискиот експонент, своевремено новинар Миодраг Мисолиќ не остана покус па реши и тој да удри по непромислените и крајно политикантски потези на раководството на СДСМ на чело со двоецот Заев – Шеќеринска кои доведоа до тензии и опасност од распад на опозициската партија

misolic_slika

По острите реакции на екс-пратеничките Ана Павлова Данева и Весна Бендевска, но и ред други активисти и членови, и опозицискиот експонент реши да удри по Заев и неговата катастрофална политика.

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Ферид Мухиќ, кој вели дека суштина на неговиот идентитет е исламот, би требало да и’ даде „тежина“ на социјалдемократската листа. А Драгиша Милетиќ, кој обожава да го викаат Чича (прекарот на Дража Михајловиќ), влегува за да ја „разубави“ сликата. Он не сака на листа, само за сликањето е дојден.
Знаев дека се овие од Бихаќка глупи и без политички сенс, ама дека може вакви глупости да направат, стварно не верував. Ако до вечер не ги исправат барем овие, најкардинални, самоубиствени грешки, нека им е со среќа.
Не помага ни повлекувањето на Лиле Поповска, особено што и тоа не беше плод на свест за направена погрешна проценка, туку изнуден чекор, поради силните реакции на јавноста.
Кога на избори треба да излезеш без вистински ентузијазам, за да гласаш против, а не за, исходот е проблематичен. Многумина ќе го направавиме тоа, ама разбирам дека многумина нема да го направат. И не ја барајте вината кај нив. Не може покритие за сите небулзи на опозицијата да биде криминалниот режим. Едноставно, НЕ МОЖЕ. Гласот треба да се заслужи, и не е оправдување: „а зарем Грујо го заслужил?“. Имаме право од другите да бараме нешто повеќе, затоа што нели, не се исти? – вели Мисолиќ во својата објава на Фејсбук.

[/kopa_block_quote]
 misolic

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This