April 30, 2024, 10:08 pm

Продолжува студeниот брaн: Утре температури до -20 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето утре наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -7, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во делови од Пелагонија утринската температура ќе биде околу -20, а максималната околу -7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до -13, а максималната ќе достигне до 0 степени.

Ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, на места и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This