ПРОМЕНА НА ИМЕТО, ПА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДА: ДУИ не сакаат реконструкција на владата сега, бараат решение за името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата на Ахмети смета дека е рано за реконструкција на Владата. Интегративците во изјава за Дојче Веле велат дека решението на спорот за името треба да биде приоритет а не кадровски рокади во владиниот кабинет.

„Сега не е најсоодветно време за тоа. По препораката од ЕК земјава ја чекаат сериозни обврски од кои зависи клучниот епилог – да добие датум за преговори. Тоа значи дека во претстојниот период ќе има интензивни разговори за решавање на спорот за името, со цел до крајот на мај да се дојде до решение. Од тој аспект, не е добро да се прави реконструкција во таков политички сензитивен период, кога сите напори и ресурси треба да бидат фокусирани во оваа насока. Реконструкцијата може да почека кон крајот на мај или во јуни. Сега ќе се разговара за проширување на парламентарното мнозинство“, велат од ДУИ за Дојче Веле.

Иако јавно за тоа не се зборува, сепак постои отпор кај ДУИ кога станува збор за приклучување на партии од албанскиот политички блок во коалицијата со СДСМ. Сепак, мнозинството во Собранието е тенко а капацитетот ограничен токму на партиите од албанскиот блок. Иако засега официјално не е дел од мнозинството, сепак поддршка на предлозите на власта дава партијата на Мендух Тачи. Се очекува кон владиното мнозинство да се приклучат и двете крила на БЕСА, за што веројатно ќе мора да се ослободи некое ресорно министерство, нешто што на ДУИ нема да му биде лесно да го направи

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This