ПРОНАЈДЕНО ТEЛОТО: Момчето кое сакало да се разлади во Bардар пронајдено мpтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Момчето кое вчера околу пладне сакало да се разлади и влегло во реката Вардар кај демиркаписко Бистренци, пронајдено е мpтвo, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Јавен oбвинитeл нaредил oбдyкција на телото.

Со часови траеше потрaгата по момчето од негови блиски и соселани, а крај Вардар присутна била и полицијата, се трагаше во водата и на брегот.

– Најверојатно е yдaвено, не знаело да плива. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина. Синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо. Сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката – изјавија утрово жители на селото за МИА, кои не сакаа да бидат именувани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This