Пропадна лидерското кафе меѓу лидерите на ДУИ Али Ахмети и лидерот на Движењето за реформи на ДПА Зијадин Села. Иако од партијата на Села претпладнево ја најави средбата на Ахемти и Села, вечерва на состанокот наместо лидерот на ДУИ се појави потпретседателската тројка на ДУИ, Меџети, Арифи и Бејта која преговара со тимот на СДСМ, пренесе ТВ24.
Од ДУИ не откриваат зошто се смени агендата на нивниот лидер, а нема одговор ниту од партијата на Села.
Според неофицијалните информации во штабот на партијата не е ниту Зијадин Села, Алијансата ја претставуваат Арбен Таравари, Агрон Ферати , Арта Точи и Флакрон Беџети.
Во пресрет на средбата меќу ДУИ и Алијансата за Албанците од БЕСА порачаа дека нивниот лидер Билала Касами нема намера да се среќава со Али Ахмети.