ПРОСЛАВА БЕЗ ПОЗДРАВ ЗА АРМ И МАКЕДОНИЈА: На прославата од 25.годишнината на „Волци“ и „Ренџери“ забрането да се каже „Да живее АРМ! Да живее Македонија!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вековниот поздрав „Да живее АРМ! Да живее Македонија!“ бил случајно, или не, изоставен на крајот на прославата на 25-годишнината на Полкот за специјални операции „Волци“, која се одржа во касарната „Илинден“ на 1.март годинава

Фото: МИА.мк

На пролавата на 25. годишнината од Полкот за специјални операции „Волци“ и „Ренџери“ на крајот на поздравните говори, не е изговорен и вековниот поздрав „Да живее АРМ! Да живее Македонија!“, нешто што досега никогаш се нема случено, коментираат за „Инфомакс“ припадници на полкот.

Оттаму прашуваат од кого се плашат нивните претпоставени сега, па во поздравен говор не смее да се спомене ниту името на Армијата на Р.Македонија, ниту пак земјата која таа армија ја брани, Македонија.

Полкот за специјални операции (ПСО) годинавапрослави 25 години од формирањето. Во изминатите години Баталјонот за специјални намени, познат како армиски „волци“, и Ренџерскиот баталјон се предводници на реформите и трансформацијата во АРМ. Секоја година сè поголем е интересот на младите генерации да станат дел од овие елитни единици, но воопшто не е лесно да се стане армиски „волк“ и „ренџер“. Селективниот курс за да се добие баретката е тешка и напорна обука од која многумина се откажуваат. Кај „волците“ се уште нема припаднички од понежниот пол, такви биле и искуствата од западните армии. Заменик-командантот на ПСО, полковник Сашко Лафчиски, смета дека културолошки и ментално не сме подготвени за тој чекор. Сепак, во „ренџерите“ има девојки и се дел од борбените групи, а ги има и во двете чети што се во директна поддршка на баталјоните.

И „волците“ и „ренџерите“ имаат сопствено мото, но заедничка им е скромноста, како професионални, етички и високоморално изградени личности. Посакуваат да ја имаат најновата софистицирана опрема и вооружување, но велат, и со она со што распoлагаат ефективноста и нивото на подготвеноста и извршувањето на задачите е на највисоко ниво. Постои ривалитет помеѓу „волците“ и „ренџерите“, што најмногу се гледа за време на спортските натпревари.

Пред сè треба да се биде чесен, да се помогне, посочува во разговор со МИА заменик-командантот на ПСО, полковник Сашко Лафчиски. Вели дека ПСО не само во рамки на државата, туку и пошироко регионално е една од најподготвените единици, a најголемо богатство се неговите припадници.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This