ПРОСТИТУТКА НАПАДНАЛА СКОПЈАНЕЦ: Му го одземала паричникот, го удирала во главата, а потоа го викнала и макрото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три непознати лица извршиле разбојништво вчера вечерта над Б.А. (60) од Илинден-Скопје на улицата „Кеј Димитар Влахов“во близина на бензинска пумпа.

-Кога Б.А. застанал со своето патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, му се доближило непознато женско лице кое му понудило сексуална услуга, но откако Б.А. ја одбил, таа се обидела насилно да му го одземе паричникот од џебот на маицата, викајќи и удирајќи го по главата. Откако му го одзела паричникот, се доближиле  две машки лица, на кои таа им го фрлила паричникот. Едно од лицата го нападнало Б.А., а притоа женското лице ги одзела парите од паричникот, го фрлила во возилото и побегнала во непознат правец, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This