Прости ми – обичаи и верувања за Пpочkа, дали знаете што значи амkање на јајца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според многумина, Прочка или народски познат уште како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, веднаш по Божиќ и Велигден. Главниот обичај односно проштевањето има христијанска основа, додека другите претставуваат остатоци од претхристијанските пролетни празнувања. Но, тоа не ги прави помалку интересни за луѓето.

На Прочка вообичаено се изведувале богати обичаи кои прераснале во традиции како простувањето, по што празникот го добил и името. Амкањето на јајца е еден од поинтересните обичаи од минатото, како и обредните огнови, гатања односно предвидувања за животот и среќата, обичаите со кои домот се чисти од штетници, болви итн.

Простувањето има христијанска основа за помагање и проштевање. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето помеѓу себе. Небото бара прошка од земјата затоа што ѝ приредило громови, мразови, поројни дождови.

Луѓето пак бараат прошка еден од друг за грешките. Правилото е секогаш помладиот да бара прошка од постариот, децата од родителите, крстениот од кумот. Се започнува со најобичната реченица, но изговорена од срце: „Прости ми“ на што другиот одговара: „Простено да ти е од мене и од Господа“.

Во минатото тој што прв барал прошка носел некаков подарок, најчесто портокал, алва, јајце, па во таа смисла портокалот останал како симбол на простувањето.

Празникот Прочка симболизира богата трпеза. Тоа значи дека е дозволено да има и месо, месни производи и свинска маст, бидејќи неделата пред неа се нарекува „месна недела (месни поклади)“. Овој период од 7 дена од месните поклади до Прочка се вика и „сирна недела“ бидејќи е дозволено да се јадат и млечни производи.

Амкањето е мошне интересен обичај кој им причинувал голема радост особено на децата. Се изведувал на тој начин што едно варено бело јајце се прободувало со игла, потоа низ него се провирало конец кој се врзувал за таванот во домот. Најстариот човек во куќата, најчесто домаќинката го држела конецот и сите почнувајќи од постарите амкале, обидувајќи се да го гризнат јајцето, но без да ги употребат рацете.

Само на помалите дечиња им било дозволено да ги употребат и рачињата во процесот. Според народните верувања добро било да се допре јајцето макар со забите, за да му бидат бели и здрави. Доколку некој успеел да го гризне јајцето, му давале да го изеде, а амкањето продолжувало со друго јајце.

Дали вие ќе побарате прошка или ќе простите некому денес?

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This