ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА: Охриѓани се мобилизираат и ќе го блокираат патот Охрид – Св.Наум!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку веднаш не престанат сите договарања, преговори кои предвидуваат промена на уставното име, химната, знамето и задираат во унитарноста на државата од страна на нелегитимното мнозинство во Собранието и влада, мирниот граѓански протест ќе се интензивира и ќе биде блокиран патот Охрид – Св. Наум се до реализирање на поставените барања, најави во допис до медиумите извесно здружение на граѓани „Преродба“.

-Истовремено, пред сѐ и поради тоа што, најнапред владата нема разбирање за сопствениот македонски народ и граѓаните, за нивните длабоки, неприкосновени чувства, потреби и интереси за заштита и зачувување на сопствениот идентитет и интегритет и својот опстој, ќе продолжиме со интернационализирање на македонското прашање, истото да се решава во ОН, а за што ќе ја бараме поддршката на земјите членки во ООН, а пред сѐ, од земјите кои ја признаа Република Македонија под уставното име. – велат од ова здружение.

Од „Преродба“ додаваат дека тие се за автентична демократизација и реформи на општеството и државата, поддржувајќи ги оние граѓански опции и политики кои ќе ги остварат автентичните граѓански, културни, економски, национални и државни интереси, низ призмата на високите цивилизациски и хуманистички вредности и истовремено кои нема да бидат на штета на македонскиот народ и на македонската држава, на граѓанските, националните и на државните интереси.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This