ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ, АГРЕСИВНО: Путин на состанок со колегиумот на ФСБ, побара офанзивно делување против тероризмот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Животот и безбедноста на државјаните на Русија треба да бидат заштитени од надворешни и внатрешни закани, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на заседавањето на колегиумот на Федералната служба за безбедност на Русјиа (ФСБ)

„Живот, права и безбедност на нашите граѓани мораат да бидат заштитени од внатрешни и надворешни закани, од било какви обиди кои нас не спречуваат да ги решаваме задачите за стратешки развој“, рекол Путин.

Ситуацијата во областа на борбата против тероризмот бара постојано внимание, и тоа е една од клучните задачи на ФСБ.

„Последните години направено е многу за да се развие потенцијалот на ФСБ. Добивте најнова технологија и средства за врски, современи информациони и аналитички ресурси и го зајакнавте кадарот. Сега е важно максимално ефикасно да ги искористите овие можности за решавање на задачите кои се поставени на службата“, наведе Путин

„Клучната задача е борба против тероризмот“, истакна тој.

Путин додава дека во борбата против тероризмот борбата треба да биде активна, користејќи офанзивна тактика и дека е неопходно да се развиваат можностите за меѓународна база на податоци.

„Во изминатите шест години во Русија има помалку терористички напади. Ако во 2012. биле 316, 2014. година имаше 84, а минатата – 25“, рече Путин на колегиумот на ФСБ.

Според неговите зборови, тоа е поврзано со зголемената превентивна работа на разузнавачките служби.

„Во 2017. година спречени се 68 терористички злочини, вклучително и 25 терористички напади“, истакнал претседателот.

„Мораме да продолжиме да делуваме еднакво активно, да користиме офанзивна тактика и стратегија за борба против тероризмот и да ја подобруваме координационата улога на Националниот противтерористички одбор“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This