Протecт во Кочани пpотив загадувањето на воздухот од фабриката за хартија „Пејпар мил“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На двочасовната блокада на булеварот пред влезот на фабриката, граѓаните порачаа дека се незадоволни од дејствувањето на институциите и бавното двегодишно решавање на проблемот со аерозгаденоста во градот.

-По четврти пат сме собрани на протест на ова место на злосторството, за да го кренеме нашиот глас и да продолжиме во борбата за чист воздух. Единствено за што можеме да ѝ бидеме благодарни на „Пејпар мил” е што успеа да нѐ собере нас граѓаните, без разлика на политичката, верската или етничката припадност, и Кочани да го направи пообединето од кога било досега. Ова е последен пат да зборуваме и да ги повикаме сите институции и инспекторати, да се охрабрат и да го решат проблемот и да не оставаат да бараме други решенија, што не се својствени за нас. Ние сме мирен народ, но не сме бројка, луѓе сме, имаме деца и ќе се бориме за нашата и нивната иднина, истакна Зоран Тодоров, претставник на иницијаторите на протестот.

На граѓанскиот протест беа искажани и порадикални барања за блокирање на влезот во фабриката и нејзино затворање, сѐ додека за производствениот процес не почне да се користи поеколошко гориво.

-Треба да се блокира работењето на фабриката, затоа што досегашното дејствување на институциите остана без резултат. Дадениот рок од два месеца да се стават филтри на оџакот значи дека уште толкав период треба да дишеме загаден воздух и да го уништуваме сопственото и здравјето на нашите семејства, истакнаа дел од говорниците на протестот.

Насобраните граѓани се упатија пред влезот во фабричкиот круг на „Пејпар мил”, од каде беше упатена порака дека веќе нема да се протестира, туку ќе се преземаат други мерки за решавање на проблемот.

Незадоволството од нерашавањето на аерозагаденоста продолжи со возила пред зградата на локалната пајперсамоуправа и по улиците на Кочани.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This