Московската полиција трага по криминалец кој пукал кон станот на заменик-претседателот на Владата на Руската Федерација Дмитриј Рогозин, соопшти Рен ТВ.
Инцидентот се случил минатата сабота, 14 октомври, но сега не е познат сторителот.
Според податоците на оперативци непознатиот напаѓач пукал коно прозорците на станот на Рогозин во елитниот станбен комплекс “Блискаја вила” на ул. Староволинска. Куршумот го скршил стаклото, но за среќа, никој не е повреден.
Локалното управа на полицијата започнала истрага за инцидентот, кој првично е квалификуван како хулиганство.
Поради специјалниот статус на сопственикот на станот сепак истрагата се контролира директно од Министерството за внатрешни работи, кое засега не е објави официјална информација.
Станот на Дмитриј Рогозин, во прозорците на кој пукал непознатиот криминалец припаѓа, како што е наведено во декларацијата на вишиот службеник е на петмина сопственици – на вицепремиерот, неговата сопруга, нивниот син Алексеј и внуците Федор и Марија.