ПУКАЊЕ НА ФЛОРИДА: Две лица ги загубија животите, додека две се ранети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица се убиени а уште две се ранети во пукање во саботата за време на погребна церемонија во црква во градот Ривера Бич, во американската сојузна држава Флорида, соопшти градскате полиција.

Според податоците од полицијата, престрелката се случила околи 14,35 часот според локално време, или 22,35 по македонски време.

https://twitter.com/mannahhorse/status/1223710643305566208

„Петнаесетгодишно момче се здоби со прострелна рана и почина на самото место. Возрасен маж, кој исто така бил застрелан, умрел на самото место“, се додава во соопштението објавено на сајтот на полицијата на Риверa Бич.

Според истиот извор, ренети се уште една жена и тинејџерка. Вкупно биле истреални 13 куршуми, прецизира полицијата.

Полицијата не соопштува колку лица учествувале во пукањето. Не е објавено дека имало апсења во врска со инцидентот, ниту се споменуваат осомничени.Засега не е објавен ниту идентитетот на настраданите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This