Путин даде девет гола на гала-натпреварот на Ноќната хокеарска лига во Сочи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија Владимир Путин во петокот даде девет гола на гала-натпреварот на Ноќната хокеарска лига во Сочи и на тој начин го доведе својот тим до победа. Ова го соопшти прес-службата на турнирот, пренесува агенцијата ТАСС.

Путин во улога на напаѓач традиционално настапуваше под бројот 11. Го отвори резултатот во првиот период. Организаторите на натпреварот соопштија дека рускиот претседател дал вкупно девет гола.

Средбата против репрезентацијата на Ноќната хокеарска лига заврши со резултат 14:7 во полза на екипата на „Легендите на хокејот“ за која настапуваше шефот на руската држава.

По натпреварот се случи и еден мал инцидент, кога Путин падна на мразот, сакајќи да им се заблагодари на гледачите за поддршката. Додека се движеще покрај оградата, не го забележа црвениот тепих под лизгалките и падна. Неговите тимски другари веднаш му помогнаа да стане, по што Путин продолжи да ги поздравува навивачите, соопштува порталот мк.ру.

Пред неколку години, Путин иницираше создавање на Ноќна хокеарска лига. Таа ги обедини љубителите на овој спорт, кои во слободното време, обично во вечерните часови (поради што и беше наречена ноќна лига), ја играат оваа популарна игра во Русија. Со учество на познати хокеари во Русија и СССР се успеа да се организира систематско одржување на турнири помеѓу аматерски тимови во различни региони на земјата, а потоа и да се обединат во едно првенство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This