Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на САД Доналд Трам за разузнавачките информации кои помогнале во спречување на „акти на тероризам“ на Руско тло, според соопштение испратено од Кремљ
Путин и Трамп разговараа на телефон во неделата, стои во соопштението за медиуми испратено од Кремљ.
Според Кремљ, информациите за терористички напади на Руска територија дошле по разузнавачки канали, но дополнителни детали не се соопштуваат.
Руските медиуми пак, шпекулираат со терористички напад кој бил планиран во Санкт Петерсбург, а требало да се случи за време на прославата на Новогодишната вечер.
Државната новинска агенција ТАСС, соопштува дека двајца Руски државјани се уапсени и плановите за масовен терористички напад се запленети, според портпаролот на ФСБ, Руска разузнавачка агенција.