Путин навести дека може да се кандидира за нов претседателски мандат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Русија, Владимир Путин во неделата посочи дека евентуално ќе се кандидира за нов претседателски мандат за лидер на земјата, доколку биде усвоен ваков уставен амандман.

Досега немам донесено никаква одлука. Не ја исклучувам можноста да се кандидирам на избори доколку ова се појави во уставот. Ќе видиме, рече Путин на телевизискиот канал „Русија 1″.

Коментирајќи го потенцијалниот наследник, Путин инсистира на тоа дека официјалните претставници на земјата треба главно да се фокусираат на нивната работа.

Ако одобрувањето на уставниот амандман не се случи, тогаш за некои две години, ова го знам од моето лично искуство, наместо вообичаен ритам на работа на сите нивоа на моќ, сите ќе започнат да бараат потенцијални наследници, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This