Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји ги прекршуваат нормите на меѓународното право и Повелбата на ОН кога тие не одговараат на нивните национални интереси и потсети на акциите на САД во поранешна Југославија и Ирак.
„Во претходните години, САД, за наводно да ги обезбедат своите интереси и безбедност, илјадници километри оддалечени од својата територија, ги правеа најсуровите работи без никакви санкции на Советот за безбедност на ОН. Југославија беше бомбардирана, под кој изговор?“, рече Путин на денешниот на проширен состанок на Колегиумот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесува руската телевизија РТ.
Рускиот претседател рече дека е уморен од таквата западна манипулација со меѓународното право.