Путин пресече: Нема сила што ќе не натера да се откажеме од Донбас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема сила што ќе ја натера Русија да го напушти Донбас, но треба да се разгледаат последиците пред да се донесе каква било одлука, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние имаме голема одговорност за Русија како целина. И, пред да се донесе каква било одлука, ние мора да размислиме за последиците од секој чекор. Ние нема да го напуштиме Донбас. Никако, рече Путин.
Тој вечерва се сретна со уредниците на руските медиуми.

Да потсетиме дека украинските власти започнаа воена операција против Доњецката и Луганската народна република во април 2014 година, која прогласи независност по пучот во Украина во февруари 2014 година. Киев не ги признава ДНР и ЛНР и ги смета териториите на овие две републики за окупирани од востанички и терористичкисили.

На 12 февруари 2015 година во Минск се водеа преговори меѓу лидерите на земјите од „норманската четворка“. Договорите од Минск за решавање на ситуацијата во источна Украина предвидуваат прекин на огнот, повлекување на тешкото оружје од контактната линија и уставни реформи, чии клучни елементи треба да бидат децентрализацијата и усвојување на закон за посебниот статус на Донбас.

Планот сè уште не е исполнет, бидејќи украинските политичари постојано го одложуваат неговото спроведување, па дури наведуваат дека има само советодавен карактер, а не и обврска. Ставот на Русија е дека нема алтернативи на договорите од Минск.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This