Путин ќе се обрати во рускиот парламент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го одржи традиционалното годишно обраќање пред Федералниот парламент на Русија за „состојбата на нацијата“.

Ова ќе биде прво обраќање на Путин, откако минатата година беше реизбран за претседател на Русија, со мандат до 2024 година.

Се очекува во обраќањето Путин повеќе да се осврне на внатрешни прашања, кои повеќе ги засегаат Русите, како и за обновата на руската весленска програма, а многу помалку за теми од надворешната политика.

Путин најдолгиот говор го одржа минатата година, кој траеше еден час и 55 минути, а најкратките обраќања од 48 минути ги имаше во 2004 и во 2005 година.

Во просек, говорите на Путин траат по еден час и 15 минути, додека Дмитриј Медведев додека ја извршуваше претседателската функција имаше говори просечно по еден час и 20 минути.

Во првото обраќање во Парламентот, во 2000 година кога Путин стапи на должноста претседател на Русија, имаше најмал број зборови – 5.146, додека неговиот минатогодишен говор, како најобемен, содржеше 11.428 зборови.

Претседателскиот говор обично го следат околу илјада официјални претставници, меѓу кои пратеници од Горниот и Долниот дом на рускиот Парламент, од претседателската администрација, претставници на Уставниот и Врховниот суд, дипломати, новинари… Најмал број присутни имало за време на првиот говор на Путин – 980, додека рекорден број се забележани во 2013 година, кога обраќањето го следеле 1.100 официјални претставници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This