Пaникa во Дeбар: Прoнajдени минoфрлaчки рaчни бomби и грaнaти од Втoрaта свeтска вojнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На крајбрежјето на Дебарското Езеро, кај место викано „Венец“ биле пронајдени две неисправни минофрлачки гранати и една рачна бомба од Втората светска војна, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

– Вчера во Одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено беше дека се пронајдени споменатите експлозивни направи. По извршениот увид од полициски екипи и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово, гранатите и бомбата се безбедно подигнати за понатамошна постапка, додаде Димоски.

Минатата недела, исто така, во близина на Дебарско Езеро биле откриени седум рачни бомби од Втората светска војна кои од соодветните надлежни служни биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

Димоски исто така информираше дека ОВР-Дебар поднело кривична пријава против А.У. (33) од селото Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Тој, на 12-ти минатиот месец околу 23 часот во месноста „Параспор“ кај селото Новак се однесувал агресивно и упатил закани кон службеници на Шумската полиција кои извршувале службени дејствија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This