Пaниka во Велес: Вpaбoтeни во Oпштинaтa и библиoтeкaтa вo изoлaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработен во Општина Велес и неговата мајка вработена во Градската библиотека „Гоце Делчев“ се без симптоми но неговиот татко и сопруг е заразен со Ковид-19. Тие се причина во самоизолација да бидат ставени тројца административни службеници на локалната самоуправа и уште толку или сите вработени во библиотеката во Велес.

Вработениот службеник во Општина Велес и неговата мајка, врабоена во библиотеката, се ставени во изолација од минатата среда по одлука на градоначалникот на Велес, заедно со тројца колеги од канцеларијата на државниот службеник на општината. Неговите колеги одбиле да одат во самоизолација, но ја почитуваат одлуката за изолација на градоначалникот Аце Коцевски. За да не се создадат услови за појава на нов ткн „општина кластер“ во градот, особено поради безбедноста на вработените во општинската
администрација и децатам како и возраснитем кои редовно земаат и враќаат книги во градската библиотека.

Превентивно, зградата на општината е дезинфицирана во четвртокот на 17 септември, иако според епидемиолошката анкета и ставот на лекарите од Центар за јавно здравје Велес како и дадените изјави на инфицираното лице не треба да се преземаат дополнителни мерки за заштита на администрацијата.

„Прво на вработениот службеник и на неговата мајка сакам да им посакам лесно да ја пребродат оваа криза и на крајот сите да излезат како победници живи и здрави. Но како поука за сите останати вработени ќе размислам какви мерки треба да се превземат затоа што сметам дека сите вработени во јавните установи, особено во општината, треба да имаат многу по високо ниво на здравствена култура од нивото кое го покажа вработениот во општината и вработената во библиотеката. Мојот став е дека веднаш штом дознале дека нивниот сопруг и татко има симптоми на Ковид-19 и му е земен брис најмалку што требало да направи е да ме извести мене, претпоставениот во библиотеката или кој и да е од раководителите во општината и да остане дома за да не претставува опасност за останатите додека да стигнат резултатите. Но според епидемиолозите за да се пренесе инфекција е потребно да се има подолг контакт од 15 минути на блиско растојание без носење на заштитна маска“, рече градоначалникот Коцевски.

Додаде дека првично имало паника меѓу општинската администрација и барање за целосно тестирање. Тоа не се реализирало затоа што епидемиолозите соопштиле дека нема да има ефект поради инкубацијата што трае помеѓу 7 до 10 денови како и анализата на Центарот за јавно здравје Велес која покажува дека 80 отсто од заразените велешани се без симптоми на короанвирусот, што значи дека се носители на вирусот.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This