Пaпaзoв: Coздaвaмe нoвa иднинa зa Koчaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Папазов, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани на гостувањето на Студио 10 на телевизија 24 рече дека сите детални урбанистички планови во градот ги има донесено ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа беше основа за да можат да работат во последните четири години. Ние имавме долгорочни проекти и ставени се во фиока, а тие прават само козметика”, рече Папазов.

Папазов информираше дека СДСМ во изминатите години не работеше ништо правеше само чистка во јавните претпријатија.

„За 4 години СДСМ само бркаше професионалци и тоа од секаде од јавните претпријатија, од општината. Дополнително сега излегуваат само со погрешни информации како за водоводот, така и за другите области. на пример ние ги сменивме сите азбестни цефки”, вели Папазов.

Според Папазов најголем проблем е сообраќајниот метеж.

„Ќе направиме нов влез во градот, ќе изградиме нова индустриска улица која ќе го поврзува вчезот од јужната страна до индустрискиот дел, со тоа ќе го повлчечеме товарниот превоз и ќе го ослободиме централното градско подрачје. Ќе ги уредиме тротоарите, ќе го организираме паркирањето”, рече Папазов. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This