April 27, 2024, 10:26 pm

“Ауфидерзен”: Пapтиjaтa нa Меркел yтpe избиpa нoв лидep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата на Ангела Меркел утре на онлајн конвенција избира нов лидер, кој најверојатно ќе биде нејзин наследник и на челото на најголемата економија во Европска Унија. Шеесет и шестгодишната Меркел ги водеше Германија и Европа низ серија кризи откако стана канцелар во 2005, но уште пред две години најави дека нема да бара нов, петти мандат.

Демохристијанскиот сојуз на Германија (ЦДУ) го бара својот втор лидер откако Меркел се повлече во 2018. Анегрет Крамп-Каренбауер поднесе оставка минатиот февруари откако не успеа да го наметне својот авторитет во партијата и одлуката за нејзин наследник постојано се одложуваше поради пандемијата на коронавирусот.

Нема јасен фаворит меѓу тројцата главни кандидати за функцијата лидер на ЦДУ.

Фридрих Мерц (65) има потрадиционален, конзервативен бизнис имиџ и неодамна изјави дека ЦДУ мора да излезе од сенката на Ангела Меркел.

Армин Лашет (59) е полиберална фигура, кој од 2017 е премиер на најнаселената германска покраина Северна Рајна-Вестфалија. Се верува дека тој би бил продолжение на центристичкиот пристап на Меркел.

Третиот кандидат е 55-годишниот Норберт Ретген, кого Меркел го отпушти од функцијата министер за животна средина. Тој за себе вели дека е кандидат на модерен центар, во чиј фокус се теми како борба против климатски промени.

Социјалдемократите веќе го истакнаа својот кандидат за канцелар на изборите на 26 септември, актуелниот министер за финансии Олаф Шолц, а и Зелените најавија дека првпат ќе се борат за оваа позиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This