Пeт лицa co peшeниja зa изoлaциja нe билe пpoнajдeни дoма

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека 3 лицa од тетовските селa Челопек и Милетино, како и 2 лица од долнореканските села Ростуше и Аџиевци, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и не биле пронајдени во своите домови, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Во содејство со Државниот пазарен инспекторат вчера, исто така, била спроведена и контрола во 9 угостителски објекти на тетовското подрачје и не било констатирано непочитување на мерките и протоколите за работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This