Пo 4 години прва обjaва нa „3aeдничка Maкедониja“: Cлoбoдата е единствена пpaвда за непpaвeдно ocyдeните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СЛОБОДАТА Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРАВДА ЗА НЕПРАВЕДНО ОСУДЕНИТЕ❗

Почитуван народе на Република Македонија,

Огромната масовност на протестот на 25-ти април потврди дека помина времето на страховладение во Македонија, како и дека дејствијата на секој еден од нас секогаш и безусловно мора да се нарекуваат со вистинското име, а не со измислени конструкции, преку правосуден и политички терор.
На сите им е јасно дека на 27-ми април 2017-та немаше тероризам од страна на граѓаните, како и дека уставниот поредок не бил никогаш загрозен од идеите на Заедничка Македонија. Напротив, уставниот поредок бил загрозен секогаш кога на Собраниските седници се прекршувал Уставот со цел да биде злоупотребен од политичката моќ и амбициите на криминогени групации – нешто што во изминатите години сме го виделе многупати.

4 години по немилите настани во текот на целиот ден, 27-ми април, наместо да сме поблиску до вистината за тоа што се случуваше, ние сме се подалеку од неа. Наместо соодветни квалификации за немилите настани и насилството, добивме монтирани срамни процеси за тероризам. Наместо правда, добивме судско-политички терор.

Да потсетиме,
Нашите протести беа мирни, цивилизирани, достоинствени и секогаш гласни и јасни. Огромната граѓанска поддршка во тој период очигледно беше причина некој да се потруди да ги девалвира, оцрни и закопа идеите За Заедничка Македонија.

Во ниеден момент, во ниедно обраќање никој од Заедничка Македонија не повикал на насилство. Напротив, секогаш се повикувавме на Уставот и Законите на македонската република. Ниту еден член и директен учесник во организацијата никогаш и никаде немал ниту најмала дума дека ова треба да се разреши било како, освен на демократски начин, на избори. Силите кои ја искористија јасно искажаната граѓанска волја, и нивните медиски лакеи, сите распнати меѓу левите и десните интереси, се креаторите и на насилството и на неговото именување како тероризам.

Во нашиот проглас објавен на првиот ден од протестите побаравме од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на државата.

Во нашиот Манифест објавен две недели подоцна порачавме дека веруваме во правниот демократски поредок на Македонија и сме против грубото и неумесно мешање во внатрешните прашања на нашата држава од страна на нашите соседи.

Баравме ниту една политичка партија да не прифаќа платформи кои се создадени за туѓи интереси, во туѓи држави и без изборен легитимитет, чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме.
Откако немаше слух од денешната власт за откажување од тиранската платформа, побаравме избори на кои граѓаните ќе може да се изјаснат за политичките платформи за кои предупредувавме дека ќе се вовед во редефинирање на државата, промена на името, идентитетот и суштината на Република Македонија.

Нашите барања не беа послушани, а 4 години подоцна секому е јасно дека се за што предупредувавме, за жал се оствари.

Затоа и денес предупредуваме повторно, до оние кои овие зборови ќе ги доживеат предупредувачки: борбата за вистината нема да престане, вистината и правдата ќе дојдат, а слободата е единствената правда за неправедно осудените.

Затоа се придружуваме на барањата за реотворање на процесот и шанса за оние кои се неправедно осудени да ја добијат својата слобода, па во фер постапка да се утврди кој за што има вина, а кој е жртва на политичко-судскиот терор во Македонија.

Исто колку што е важно секој да си ја добие заслужената казна многу поважно е дека целиот македонски народ треба да ја добие вистината која ја заслужува. Откриена, таква каква што е, без наслагите на теледиригираното судство.

Над 30-те илјади граѓани кои се појавија на семакедонскиот протест за правда, и стотиците илјади во домовите кои поради околностите својата поддршка ја дадоа на друг начин, потврдија дека идеите на Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија се живи, постојат и ќе опстојат.

Од нас, како едни од иницијаторите на најголемите и најмирни протести во историјата, кои беа злоупотребени, луѓето кои излегоа во неделата и докажаа дека и по сите овие години не се откажуваат од борбата за Македонското достоинство, правда и слобода, го заслужуваат најголемото признание, благодарност и уважување. Еднакво како и иницијаторите на големиот собир, Македонците од целиот свет.

Стои на објавата на страницата Илинден #4 – Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This