Пokpeната иницијатива пpoтив Народна банка поради забpaната за исплата на дивиденда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот извршен директор на Комерцијална банка, Хари Костов и други акционери во банката, ја оспорија одлуката на Народната банка со која привремено се забрани распределба и исплата на дивиденда на акционерите на банките пред Уставниот суд, пишува Фокус

Поднесена е иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија на 26 февруари 2021 година.

-Во ниту една одредба од Законот за Народната банка не е утврдено овластување на Советот со свој акт да пропише ограничување на распределбата и исплатата на дивидендата на акционерите на банките, независно од целите што Советот на НБМ сакал да ги постигне. Со донесувањето на оспорената Одлука, подносителите на иницијативата сметаат дека Советот ги пречекорил своите овластувања и надлежности утврдени со закон и дека таквата одлука во правната теорија и судската пракса се смета за ништовна, соопштуваат од Комерцијална банка.

Тие бараат, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на оспорената Одлука до конечното одлучување по предметот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This