ПOPAЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Само 23% од граѓаните имаат доверба во cyдството

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Довербата во судството во Македонија е на многу ниско ниво, велат од здружението ЕСЕ и Коалицијата Маргини на Европскиот ден за пристап до правдата. Според податоците од европскиот барометар, само 23% од граѓаните на државата веруваат во судството, 30% во јавната администрација и 34% во полицијата.

„Според нашите истражувања, остварувањето на пристапот до правда во земјава се уште е на многу ниско ниво, односно треба да се преземат уште многу дејствија за да кажеме дека нашите граѓани имаат пристап до правдата. Тој е поврзан и со еднаквоста, сиромаштијата, родовата еднаквост, заштитата од дискриминација и така натаму. Исто така многу зависи од социјалниот статус, посиромашните граѓани имаат помал пристап до правда“, рече Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини.

Таа додаде дека Македонија е потписничка на резолуцијата за целите за одржлив развој и според тоа, обврзана е да презема акции, да го усогласи националното законодавство, но исто така и да ги остварува овие цели согласно мерливиот индикатор.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This