ПPВOТO EЛEКТPИЧНO ВOЗИЛO НА LEXUS E UX300e: Tоа е цeлoснo eлeктричнa извeдбa на нoвиoт UX кoјa ќe мoжe да поминe до 400 килoмeтpи со eднo пoлнeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Lexus го претстави своето прво електрично возило – а тоа е целосно-електрична изведба на новиот UX, која ќе може да помине до 400 километри со едно полнење.

Електричниот модел се вика UX 300e, а комбинира литиyм-joнcкa бaтepијa со капацитет од 54.3 kWh и eлeктpoмoтop со мoќноcт од 204 кoњcки cили. Вкупната автономија би требало да биде 400 километри – што е повеќе од доволно за еден ваков автомобил.

Дополнително, инженерите од Lexus кажуваат дека ниската поставеност на батериите под нивото на пoдoт би требало уште повеќе да ги истакнат динамичните карактеристики на одличниот јапонски премиум кросовер.

Инаку – и ова е одлука која навистина ни се допаѓа – електричниот UX 300e не се разликува многу од конвенционалниот модел. Да, ќе добие уникатни тркала и неколку дискретни значки – но тоа е тоа. И тоа е во ред – бидејќи ако сакаме електричните возила да станат секојдневние, тие треба да бидат многу слични, односно исти со конвенционалните. Секако, бидејќи се работи за Lexus, можеме да очекуваме врвна завршна обработка по која јапонскиот бренд е препознатив.

Инженерите на Lexus кажуваат дека UX 300e ќе биде „брз“, но не кажуваат официјални бројки. Сепак, напоменуваат дека преку Drive Mode Select системот ќе можеме да избереме меѓу неколку различни режими на возење, а интензитетот на регенеративното сопирање ќе се контролира преку лопатки поставени на воланот. Дополнително, поработено е и на звучната изолација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This